Брисел

Усвоени нови насоки околу преговорите за Брегзит

29.01.2018 16:55

Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева истакна дека министрите на ЕУ јасно ги образложиле своите барања за транзицискиот период, кој треба да трае од официјалното излегување на Британија од ЕУ на 30 март 2019 година до 31 декември 2020 година.

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите- членки на ЕУ, усвоени нови насоки околу преговорите за Брегзит, кои треба да го олеснат транзицискиот период на Британија откако официјално ќе ја напушти Унијата следната година.

Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева истакна дека министрите на ЕУ јасно ги образложиле своите барања за транзицискиот период, кој треба да трае од официјалното излегување на Британија од ЕУ на 30 март 2019 година до 31 декември 2020 година.

Захариева појасни дека во транзицискиот период во Британија ќе важат законите на ЕУ, но дека Британците нема да учествуваат во европските иницијативи, ниту во носењето одлуки.