Пет години музејска едукација во Музејот на македонската борба

30.01.2018 14:56

Промовиран каталог и изложени креативни творби на учениците што учествувале во едукациските проекти во музејот. Едукацијата почнала во 2012-та година, а во последниве пет години биле опфатени голем број ученици од повеќе училишта од целата земја...

Едукативни работилници, квизови, игра, трибини, творење. Учењето не мора да биде само во училниците, може да биде и преку забава. Тематски едукативни работилници кои подоцна се пропратени со креативни работилници. Дополнување на наставната содржина, за да можат децата визуелно да си го претстават она што го учат.  

Покрај учениците од редовната настава, Музејот им е достапен и на децата со посебни потреби од учлишта во Скопје.

Покрај финансиското учество на Музејот на македонската борба, едукативните проекти се поддржани и од Министертсвото за култура.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска