ЉУБЉАНА

Церар: Словенија не прифаќа нови преговори за границата

31.01.2018 10:25

Церар оцени дека Словенија може да биде „генерално задоволна“ од соработката со соседите, иако минатата година беа нарушени односите со Хрватка поради „различните гледишта на прашањето за нерешениот граничен спор“.

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека Словенија нема да ја прифати понудата на Загреб за нови преговори околу граничниот спор во Пиранскиот залив, бидејќи според него тоа би претставувало „оддалечување од европското и меѓународното право, а со тоа и од интересите на Република Словенија“.

Церар оцени дека Словенија може да биде „генерално задоволна“ од соработката со соседите, иако минатата година беа нарушени односите со Хрватка поради „различните гледишта на прашањето за нерешениот граничен спор“.

Потесети дека Словенија останува посветена на одлуката на арбитражниот суд за граничната линија во Пиранскиот залив, додека Хрватска смета дека за неа тоа решение не важи.