Сочи

Инцидент за време на говорот на Лавров

31.01.2018 11:38

На конгресот присуствуваа владини делегации од Турција и од Иран...

Говорот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на сирискиот мировен конгрес во Сочи беше прекинат од страна на некои делегати кои ја обвинија официјална Москва за убиство на цивили во воздушните напади во Сирија.

Друга група делегати, меѓу кои имало и претставници на вооружената опозиција, кои допатуваа од Турција, одбија да го напуштат аеродромот во Сочи додека не се тргнат знамињата и симболите на Сирија, кои тие ги сметаат за навредливи.

На конгресот присуствуваа владини делегации од Турција и од Иран, како и посредникот на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура.