Брисел

Могерини: САД да не го решаваат сами Блискоисточниот судир

31.01.2018 15:24

Таа смета дека мировен договор не е возможен без поддршката на САД, но исто така не е возможен доколку само Вашингтон работи за негово постигнување.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини ги повика САД да не се обидуваат на своја рака да постигнат мировен договор меѓу Израел и Палестинците.

Таа смета дека мировен договор не е возможен без поддршката на САД, но исто така не е возможен доколку само Вашингтон работи за негово постигнување.

Могерини вчера се сретна со палестинскиот премиер Рами Хамдала, средба која предизвика шпекулации дека Палестинците бараат ЕУ да ја преземе водечката улога во преговорите и да ги замени САД.