ОН: Во воените зони 500 милиони луѓе страдаат од глад

01.02.2018 12:03

Според извештајот, во осум земји во светот секое четврто лице нема доволно храна. Најтешка е ситуацијата во Јемен, каде 60 проценти од населението се соочуваат со акутен недостиг на храна.

Во воените зони во светот речиси 500 милиони луѓе страдаат од глад, предупредија Обединети нации и апелираа за постигнување на мир со цел да се заштитат луѓето.

Според извештајот, во осум земји во светот секое четврто лице нема доволно храна. Најтешка е ситуацијата во Јемен, каде 60 проценти од населението се соочуваат со акутен недостиг на храна.

Потоа следи Јужен Судан, каде што гладуваат 45 насто од луѓето. Искоренување на гладта и неухранетоста до 2030-та година е еден од 17 амбициозни глобални цели поставени од владите во 2015-та година.