Закон за минерални суровини

Спротивставени ставови за рудниците

01.02.2018 16:07

Жестока расправа во собраниската Комисија за економски прашања за предложените измени на Законот за минерални суровини. Спротивставени мислења меѓу Македонската асоцијација за рударство, концесионерите, научната фела и пратениците.

Жестока дебата и спротивставени мислења за Предлог- законот за минерални суровини. Предлагачот пред бизнисмените, екологистите и стручната фела објасни дека бараат измени на начинот на експлоатоација на рудниците и доделувањето концесии, за да се заштити животната средина.

Македонската асоцијација за рударство критикува. Бизнисмените стравуваат дека измените ќе стачат клуч на врата за рудниците, а со тоа ќе се загрози егзистенцијата на илјадници работници.

Од невладиниот сектор велат дека доделувањето нови концесии и отворањето на рудници е болна точка. Укажаа дека досегашните студии покажале оти сѐ уште е големо загадувањето од отпадот.

Од научната фела порачаа- природното право на здрав живот е над сите закони. Бараат организирање локални референдуми пред носењето нови одлуки за рудници.

Предлог- законот за минерални суровини се носи по скратена постапка. Ова следува по донесените 86 концесии за нови рудници и спроведените референдуми во неколку градови.

 

Дијана Ценевска