Турција

Тројца повредени во експлозија во Анкара

02.02.2018 10:23

Повредените се припадници на службата за обезбедување на објектот.

Три лица биле повредени при експлозија во зградата на даночната управа во турскиот главен град Анкара. Повредените се припадници на службата за обезбедување на објектот.

Властите се сомневаат дека експлозијата претставува саботажа. Инцидентот предизвикал материјална штета, при што биле оштетени и прозорците на околните згради и уште неколку возила.