Мицкоски: Решението за кое се преговара треба да ги запазува државните интереси и да не го загрозува идентитетот

02.02.2018 10:37

Треба да се почитуваат времената спогодба, резолуциите на светската организација и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, рекол Мицкоски на средбата со Нимиц.

Некои случувања во Грција не одат во прилог на надминувањето на разликата за името. Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ што му го претставен вчера лидерот на партијата Христијан Мицкоски на посредникот на ОН, Метју Нимиц. Треба да се почитуваат времената спогодба, резолуциите на светската организација и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, рекол Мицкоски.

На средбата претседателот Мицкоски ги афирмираше официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името. Тој посочи дека разговорите треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата. На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес, стои во соопштението на опозициската партија.

Мора да бидат запазени државните и националните интереси, без загрозување на македонскиот идентитет, соопштуваат од партијата.