Ново рочиште за случајот „Насилство во Центар“

02.02.2018 10:49

Меѓу 12-те обвинети во овој предмет се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Во Кривичниот суд новото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“. Меѓу 12-те обвинети во овој предмет се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013-та година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општината признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, кои добија условни казни.

Според новиот распоред на судиите предметот ќе го суди судијата Душан Јосифов.