30-годишна жена пронајдена мртва во тоалет на трговски центар во Скопје

02.02.2018 11:25

Случајот во Единицата за информации и команда Скопје го пријавила Д.С. која информирала дека жената ја пронашло обезбедувањето на трговскиот центар.

Почината 30- годишна жена од Скопје (А.М.) била пронајдена во тоалетите на приземјето во трговски центар во Скопје, соопшти МВР.

Случајот во полиција го пријавила Д.С. која информирала дека жената ја пронашло обезбедувањето на трговскиот центар.

Смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.