Вашингтон

Уште една оставка во Стејт Департментот

02.02.2018 11:27

Државниот секратар Рекс Тилерсон побара Шенон да не поднесува оставка, истакнувајќи оти неговото заминување ќе биде загуба.

Третиот по ранг дипломат во Стејт Департментот, потсекретар за политички прашања Томас Шенон поднесе оставка по речиси 35 години служба, со што им се придружи на низата колеги кои се одлучија на таков чекор по доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп.

Државниот секратар Рекс Тилерсон побара Шенон да не поднесува оставка, истакнувајќи оти неговото заминување ќе биде загуба.

Шенон беше дипломат во мандатот на шест претседатели на САД.