Собрание

Дебата за законите за прислушување и за ОТА

02.02.2018 14:50

Во Собранието дебата за Законот за прислушувањето и за Законот за Оперативно- техничката агенција. Министерот Спасовски рече дека нивна цел е елиминирање на злоупотребата на пресретнувањето на комуникациите. Контролите ќе го потврдат спроведувањето на законските одредби. Сепак, има забелешки на ефикасноста на контролата и на независноста на директорот на агенцијата...

Целта на Законите за прислушувањето и за Оперативно- техничката агенција (ОТА) е да се елиминираат сите можности од каква било злоупотреба. Контролите, клучни во спроведување на законските одредби, рече подносителот Оливер Спасовски. Директор на ОТА ќе биде лице кое не е партиски определено, а ќе го бира Собранието.  Уредите за прислушување ќе се чуваат во Јавното обвинителство, и само со судска наредба ќе бидат употребувани, нагласи министерот.

Безбедносната фела со забелешки за ефикасноста на контролата, независноста на директорот на ОТА. Смета дека избраниот модел може да потфрли, а недостигала суштинска реформа во политичкиот и правосудниот систем. Предлагаат допрецизирање на Законот.

Од Центарот за истражување констатираат пропуст во Законот лоциран кај мета податоците и конфузност за стекнување со безбедносен сертификат.

Законот го чека вториот филтер од собраниската комисија.  

 

Наташа Гркова- Петрушевска