Земјотрес од 2,5 степени според Рихтер почувствуван во Скопје

02.02.2018 16:08

Тлото под главиот град денеска два пати се затресе. Попладнево регистриран нов земјотес со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеовата скала...

Нов земјотес со магнитуда од 2,5 степени според Рихреовата скала е почувствуван попладнево во 15 часот и 23 минути во скопското епицентрално подрачје. Епицентарот  бил на седум километри источно од Скопје на длабочина од три километри.

Ова е втор земјотрес што е регистриран денеска во скопското епицентрално подрачје. Првиот се случи изутрината во 8 часот и 3 минути и беше со магнитуда од 2,4 степени.

Исто така, земјотрес ноќеска во 2 часот и 26 минути е почувствуван и во Охрид. Епицентарот бил на 10 километри источно од Охрид со магнитуда од 2,1 степен.