Утре преодно стабилизирање на времето

04.02.2018 10:52

До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од осум до 15 степени.

Утре и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, прогнозира УХМР.

Претпладнево времето е облачно во јужните делови со врнежи од дожд кои се со послаб интензитет, а на планините и на повисоките места со повремен снег. Дува слаб до умерен ветер од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец.

До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен  западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од осум до 15 степени.

Во Скопје времето променливо облачно со слаб до умерен  северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 12 степени.