Тилерсон: План за ограничување на увозот на нафта од Венецуела

05.02.2018 10:19

За време на посетата на Аргентина, Тилерсон додаде дека целта е да се изврши притисок за да запре кризата во таа јужноамериканска земја.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД и натаму размислуваат за можностите за ограничување на увозот на нафта од Венецуела.

За време на посетата на Аргентина, Тилерсон додаде дека целта е да се изврши притисок за да запре кризата во таа јужноамериканска земја.

Венецуела има најголеми нафтени резерви во светот и е третиот по големина извозник на нафта во САД.