Мигранти откриени во возило кај село Речица

05.02.2018 10:34

Во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблици, управувано од И.Б.(36) од Скопје, пронашле тројца Курди А.М.(26), С.К.(35) и Д.Ф.(26) и двајца Сиријци А.А.А.(27) и М.К.А.(18)...

Полицијата вчера открила петмина мигранти, од кои тројца Курди и двајца Сиријци во возило управувано од скопјанец во близина на село Речица. На возачот му е одреден триесетдневен притвор.

Во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблици, управувано од И.Б.(36) од Скопје, пронашле тројца Курди А.М.(26), С.К.(35) и Д.Ф.(26) и двајца Сиријци А.А.А.(27) и М.К.А.(18), соопштува МВР.

Тие заедно со возачот се приведени во Полициска станица. Од страна на Основен суд - Скопје на И.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.