Динамизирање на производството во Еврозоната

05.02.2018 11:26

Индексот на менаџери на набавка за производниот сектор на Еврозоната во јануари изнесувал 59,6 поени, што е во согласност со прелиминарната проценка...

Динамичните движења на производниот сектор на еврозоната продолжи и на почетокот на 2018-та година, иако со побавно темпо во однос на рекордот од декември, покажуваат резултатите од истражувањето на лондонската компанија „Маркит“.

Индексот на менаџери на набавка за производниот сектор на Еврозоната во јануари изнесувал 59,6 поени, што е во согласност со прелиминарната проценка, но под рекордните 60,6 поени од декември што беше најдобар резултат од јуни 1997-ма година, од кога се вршат овие истражувања.