Корејски Полуостров

Ким Јонг Нам во посета на Јужна Кореја

05.02.2018 12:03

Двете Кореи ќе маршираат под единствено знаме на отворањето на церемонијата. Од безбедносни причини, Јужна Кореја којашто соработува со странските разузнавачки служби, ќе забрани влез за 36.000 странци.

Лидерот на севернокорејскиот парламент Ким Јонг Нам ќе го посети јужниот сосед на поделениот полуостров,  пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг.

Двете Кореи ќе маршираат под единствено знаме на отворањето на церемонијата. Од безбедносни причини, Јужна Кореја којашто соработува со странските разузнавачки служби, ќе забрани влез за 36.000 странци.

Иако односите беа подобрени откако договорија учество на јужнокорејската спортска репрезентација, експертите се сомневаат дека Северна кореја ќе се откаже од плановите за усовршување на нуклеарната програма.