Дизелот поевтинува за денар, бензинот поскапува за половина денар по литар

05.02.2018 14:22

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 е непроменета, односно 69,5 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на бензинот од 95 октани за половина денар. Истовремено поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за денар по литар. Поевтинува и мазутот за 0,8 денари за килограм.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 е непроменета, односно 69,5 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59, односно за 1,21 отсто. Причина за корекциите се движењата на берзанската цена на суровата нафта и флуктациите на курсот на денарот во однос на американскиот долар.