Судењето за „Трезор“ одложено за 29-ти март

05.02.2018 15:10

Причина за одложувањето, како што појасни судијката Џанета Бегтовиќ, е бидејќи се чека исходот од жалбената постапка пред Врховниот суд во Грција за обвинетиот поранешен началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски.

Судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е одложено за 29-ти март.

Причина за одложувањето, како што појасни судијката Џанета Бегтовиќ, е бидејќи се чека исходот од жалбената постапка пред Врховниот суд во Грција за обвинетиот поранешен началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски.

На денешното рочиште во Кривичниот суд дојдоа поранешниот директор на УБК, Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник- министер во МВР Небојша Стајковиќ, сите обвинети во „Трезор“.