Одблокирана постапката за полагање лекторски испит

05.02.2018 15:55

Повторно ќе се полага лектроски испит- со новите законски корекции, наместо преку компјутер, пред комисија. Правилникот изготвен од Советот за македонски јазик е доставен до Министерството за култура...

Наместо електронски, пред комисија- по четири години застој, се одблокира постапката за полагање лекторски испит. Од Министерството за култура велат дека постапката била оневозможена по измените на законот во 2013-та година, кога се вовело компјутерско полагање за лекторска лиценца.

Со новите измени на Законот за употреба на македонскиот јазик, кои Собранието ги усвои на крајот на 2017-та година се враќа стариот начин на полагање на овој испит.

Претседателката на комисијата за полагање лекторски испит, Пановска- Димкова истакна дека електронското полагање, воведено за да се исклучи човечкиот фактор, е невозможно во практика.

Претседателот на Советот за македонски јазик, Спасов рече дека во процес на завршување се некои од 12-те најитни мерки.

Министерството за култура ги именуваше членовите на Комисијата за полагање лекторски испит. Советот за македонски јазик доставил предлог- правилник за начинот на полагање на испитот.

 

Александра Спировска