Спасовски: Зачестените контроли и казни треба да ги подигнат сообраќајната безбедност и култура

05.02.2018 16:01

Брзо возење и управување под дејство на алкохол- два најчести прекршока во полициските билтени. Министерот за внатрешни, Спасовски вели дека зачестените контроли и казни треба да ги подигнат сообраќајната безбедност и култура. На дипломците на Факултетот за безбедност им порача дека тие се идниот кадар кој што во иднина ќе треба да се соочи со предизвиците...

Возачите во Македонија возат брзо и под дејство на алкохол. Во полициските билтени овие два прекршока се најчести. При една полициска акција во Скопје 40 проценти од возачите пиеле пред да седнат зад воланот. Контролите и казните треба да ја подигнат сообраќајната безбедност и култура. Иако последните податоци говорат дека бројот на сообраќајни несреќи е намален, министерот Спасовски најавува засилени акции на сообраќајната полиција.

МВР ги отвора вратите за соработка со младите образувани кадри од областа на безбедноста. Од Факултетот за безбедност велат дека ниту едно општество не може да се надева на успешност без следење и практично имплементирање на новите, современи, стручни сознанија, без континуирана образовна наградба на луѓето и без реална кооперативност меѓу теоријата и практиката.

На Факултетот за безбедност во Скопје беа промовирани 78 дипломирани студенти и десет магистри.

Наташа Јанчиќ