Рочиште за случајот „Сопот“ во Кривичен суд

06.02.2018 10:41

Случајот е од 2003-та година, кога загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.

Во Кривичниот суд е закажано рочиште за случајот „Сопот“. Случајот е од 2003-та година, кога загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин, откако теренско возило на НАТО нагази на мина.

Десет лица беа осудени за тероризам. Се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево- Сопот. На минатото рочиште беше сослушан еден од сведоците. Не го сменил исказот што го дал во истрагата.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.