Хејли: Асад напаѓа со хемиско оружје, Русија го штити

06.02.2018 10:46

На последната средба во Советот за безбедност, Хејли истакна дека Русија го одложила усвојувањето на документот во кој се осудува употребата на хемиско оружје, осврнувајќи се на минатонеделниот напад во предградие на Дамаск во кој беа повредени повеќе од 20 цивили.

Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли ја обвини Русија дека го заштитува сирискиот претседател Башар Ал Асад, кого го обвинува за напади со хемиско оружје врз цивили.

На последната средба во Советот за безбедност, Хејли истакна дека Русија го одложила усвојувањето на документот во кој се осудува употребата на хемиско оружје, осврнувајќи се на минатонеделниот напад во предградие на Дамаск во кој беа повредени повеќе од 20 цивили.

Невладината организација Сириско- американско лекарско здружение соопшти дека најмалку 11 лица била затруени со боен отров во градот идлиб, едно од главните упоришта на бунтовниците.

Сириската армија распореди нови средства за против-воздушна одбрана и против-авионски ракети долж линијата на фронтот во Алепо и Идлиб, кои ќе го покриваат воздушниот простор над северниот дел на Сирија.