Владата ќе расправа за ЕУ и НАТО интеграцијата

06.02.2018 11:03

На седницата како пред точки ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, Статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 53-та седница, на чиј дневен ред се 73 точки.

На седницата како пред точки ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, Статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.

На дневен ред се и повеќе информации, меѓу кои и Информацијата за можноста за изменување на Законот за работните односи во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, како и Информацијата за изградба на центар за деца со аутизам во Скопје.

Пред членовите на Владата ќе се најдат и инвестициски програми, финансиски планови и предлог- одлуки за повеќе јавни институции и претпријатија.