Мицкоски во работна посета на САД

06.02.2018 11:08

Ќе бидат реализирани средби со претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, со членови на Претставничкиот дом и на Сенатот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација, во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави. Ќе бидат реализирани средби со претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, со членови на Претставничкиот дом и на Сенатот.

Според партиското соопштение, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати и на безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а ќе присуствува и на молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Предвидени се и средби со претставници на македонската дијаспора. Престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.