Ново рочиште за случајот „Сопот“ на 2-ри март

06.02.2018 13:55

Шестмина од 10 обвинети, присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта. На четворица од обвинетите ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни за полицијата.

Судењето за случајот „Сопот“ поради смена на судечкиот совет, почна од почеток. Шестмина од 10 обвинети, присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта. На четворица од обвинетите ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни за полицијата.

На следното рочиште закажано за 2-ри март треба да дадат исказ пет полициски службеници. Случајот „Сопот“ е од 2003-та, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево- Сопот.

Десет лица беа осудени за тероризам. Случајот лани го презеде СЈО.