Лондон

Ќе се повлекува ли налогот за апсење на Асанж?

06.02.2018 14:24

Доколку судијата пресуди во корист на Асанж, тој ќе може да излезе за првпат по пет години, но и да остане во амбасадата бидејќи и понатаму постои обвинување во САД поради објавување доверливи американски документи.

Британски суд треба да одлучи дали ќе го повлече налогот за апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, со што би се отворила можноста за негово напуштање на амбасадата на Еквадор во Лондон.

Доколку судијата пресуди во корист на Асанж, тој ќе може да излезе за првпат по пет години, но и да остане во амбасадата бидејќи  и понатаму постои обвинување во САД поради објавување доверливи американски документи.

Асанж ќе може да замине во Еквадор каде му е понудено државјанство и азил.