Евроинтеграции

Стратегија за проширување- перспектива за Западен Балкан

06.02.2018 15:16

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата, Федерика Могерини ја презентираa Стратегијата за Западен Балкан. Документот предвидува дека две земји од регионот, Србија и Црна Гора ќе бидат потенцијално подготвени за влез на Унијата до 2025-та година. Се зголемува поддршката и за другите четири држави од Балканот, но Брисел бара поактивно спроведување на реформите. За Македонија и Албанија почеток на преговорите во 2019-та...

Европската Унија сака да ја врати довербата во процесот на проширување кон сите држави од Западен Балкан и на најнапредните земји во тој процес да им понуди можна временска рамка, според која, кон крајот на 2025-та година би можеле да станат членки на Европската унија.

„Оваа стратегија е неприкосновена перспектива за секоја од шесте членки. Имаше разговори за 2025 како рок, но можам да кажам дека нема рок, туку перспектива за земјите. Стратегијата има конкретна агенда за шесте земји- поврзаност, дигитализација, соседски односи. Ова е изборот за иднината на ЕУ, ќе имаме нови членки, нема да бидат само 27, ќе имаме повеќе. Поракта е нека се случи- да се внесе Западниот Балкан во ЕУ“, нагласи Федерика Могерини, висок претставник за надворешна и безбедносна политика.

„Ова е историска можност за регионот кој припаѓа на Европа. Мора да се исполнат сите барања од стратегијата. Таа служи за канализирање на сите иницијативи и проекти за придружување. ЕУ нема да прими нови членки на кои не им се решени билатералните прашања, ова се однесува на Косово“, рече еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Но, зборувајќи за иднината на ЕУ, во расправата со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, непосредно пред објавувањето на стратегијата нагласи:

„Но, мора да се одлучите или сакате проширување кон државите од Западен Балкан, или не сакате, а јас би сакал да државите од Западен Балкан можат станат членки на ЕУ  во моментот кога ќе ги исплонат сите услови, сега тие не ги исполнуваат и треба да направат се за да ги исплонат. Ние имаме обврска да им помогнеме  да го поминат тој тежок пат“, изјави претседателот на ЕК, Јункер.

Претседателот на Европската комисија, на крајот инистираше на потребата од решавањето на граничните и билатералните конфликти на земјите канидати пред да станат членки на ЕУ, нагласувајќи дека ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во Унијата пред да ги реши своите спорови со соседите.

 

Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ