Евроинтеграции

Стратегија за Западен Балкан: Конкретни перспективи и реформи за да се искористи можноста

06.02.2018 16:47

Брисел ја претстави Стратегијата за Западен Балкан. Шефицата на европската дипломатија и комесарот за проширување порачаа- делиме иста историја, ќе делиме и заедничка иднина. Документот дава конкретни перспективи за секоја од земјите- аспирантки, изјави Могерини. Хан бара реформи за да се искористи можноста. 2025-та не е краен рок, туку цел кон која ќе се стреми регионот за затворање на процесот. Детектирани шест клучни области. Нотиран напредокот во Македонија...

Стратегијата за веродостојна перспектива за проширување и зајакнување на ангажманот на ЕУ со Западен Балкан, ги нагласува приоритетите и областите на заедничка засилена соработка, справувајќи се со специфичните предизвици со кои се соочува Западен Балкан, особено со потребата од фундаментални реформи и добрососедски односи.

Високиот комесар на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, претставувајќи ја стратегијата пред новинарите нагласи:

Западен Балкан е географски дел од Еврпа, земјите- членки на ЕУ тоа го признаваат, земјите од Западен Балкан имаат иста историја како членките на ЕУ и исто културно наследство и интереси и прилики, нашата порака е дека делиме заедничка иднина во ЕУ, ова е големата политичка порака од Страгегијата која ја усвоивме во Комисијата. Јасен и отворен пат за земјите од Западен Балкан, сите шест партнери од Западен Балкан ќе можат да се приклучат на ЕУ“- рече Могерини.

Кредибилната перспектива за проширување бара постојани напори и неповратни реформи, се вели во текстот. Напредокот по европскиот пат е објективен процес и заснован на заслуги, кој зависи од конкретните резултати постигнати од секоја поединечна земја.

Во стратегијата на Европската комисија има шест водечки иницијативи- специфични активности кои ЕУ ќе ги преземе следните години за поддршка на напорите за трансформација на Западен Балкан во области од заеднички интерес. Тие се движат од иницијативи за зајакнување на владеењето на правото, засилена соработка за безбедноста и миграцијата, проширување на Енергетската унија на ЕУ кон Западен Балкан или намалување на роаминг- тарифите и развивање на широкопојасен интернет во регионот, со специфилен план за инвестирање.

Стратегијата, исто така, ја нагласува потребата ЕУ да биде подготвена да ги прими новите членки откако ќе ги исполнат критериумите, односно како што рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, „инвестирањето во стабилноста и просперитетот на Западен Балкан подразбира инвестирање во безбедноста и иднината на нашата Унија“.

Околу фамозниот датум или година, Могерини нагласи дека јасно е 2025-та не е ултиматум. Тоа е реална преспткива со цел да се комплетира процестот на проширување како за тие кои преговараат, така и за тие кои ќе започнат да преговараат со надеж дека тоа ќе го направат наскоро.

Србија и Црна Гора спред претставената страгија можат да се надеваат на членство во 2025-та година, додека за Македонија која номинално не е споменета во стратегијата, идндиректно Могерини рече дека се надева дека многу наскоро ќе започнат преговрите со другите земји кандидати.

Комесарот Јоханес Хан, од своја страна нагласи исто така дека 2025-та е само индикативен датум, додавјаќи дека сите активности кои беа започнати во минатото ја создадоа сегашната перспективата за шесте земји. Притоа Хан предупреди:

„Земјите членки нема да прифатат никогаш нова земја членка ако таа не ги реши претходно билатералните проблеми без разлика на имињата кои им се даваат на тие разлики“- нагласи Хан.

Во моментов Хан и Могерини дебатираат со европратениците за Стратегијата за проширувањена ЕУ.

 

Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ