Британскиот Дом на лордови бара прием на Македoнија во НАТО и без решение за името

07.02.2018 10:32

Во извештајот „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите, усвоен во декември лани, а објавен на 10-ти јануари годинава, се наведува дека Македонија треба да се приклучи на Северноатлантската алијанса поради мирот и стабилноста на регионот.

Британскиот Дом на лордовите бара од Владата во Лондон да се заложи Македонија да стане членка на НАТО, без оглед на тоа дали ќе биде решено прашањето за името.

Во извештајот „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите, усвоен во декември лани, а објавен на 10-ти јануари годинава, се наведува дека Македонија треба да се приклучи на Северноатлантската алијанса поради мирот и стабилноста на регионот.

Пристапувањето на земјата во НАТО не треба да зависи од решавањето на спорот за името меѓу Атина и Скопје, пишува во документот.