Париз

Поради снег затворена Ајфеловата кула

07.02.2018 10:46

Метеоролозите издадоа предупредување за исклучително ниски температури, а в петок се очекува и нов снежен бран од северозапад.

Снегот предизвика блокади во сообраќајот во Париз, каде што е затворена и Ајфеловата кула. Регистрирани се колони возила долги стотици километри.

И училишниот превоз  во главниот град на Франција е откажан. Метеоролозите издадоа предупредување за исклучително ниски температури, а в петок се очекува и нов снежен бран од северозапад.

Овој јануари беше најстуден во последните 100 години.