Хан во посета на Србија

07.02.2018 11:04

Хан доаѓа во тридневна посета на Србија, еден ден откако во Стразбур беше претставена стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, во која беа дадени насоките на Србија за тоа кога и под кои услови би можела да биде примена во унијата.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан доаѓа во тридневна посета на Србија, еден ден откако во Стразбур беше претставена стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, во која беа дадени насоките на Србија за тоа кога и под кои услови би можела да биде примена во унијата.

За денеска е најавена средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, а предвидена е средба и со премиерката Ана Брнабиќ.