Влада на РМ

Ќе се изготвува нов Закон за работни односи

07.02.2018 11:11

Во програмата за работа на Владата за 2018-та година е предвидено изготвување нов Закон за работни односи, на што ќе претходат анализа и ревизија на постојните одредби...

Владата на вчерашната седница ја разгледала информацијата за можноста за изменување на Законот за работните односи, во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, според препораките на извештајот Дуинг Бизнис 2018-та на Светска банка, со што економијата на земјава би добила поголема функционалност.

Министерството за труд и социјална политика на седницата го претставило негативното мислење за оваа мерка, бидејќи со евентуално кратење на роковите за пријавување на кандидати за работно место, ќе се доведе во прашање уставно утврденото право на секој човек под еднакви услови да му е достапно секое работно место.

Во програмата за работа на Владата за 2018-та година е предвидено изготвување нов Закон за работни односи, на што ќе претходат анализа и ревизија на постојните одредби во Законот, се вели во соопштението на Владата.