Димитров на состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РM- ЕУ во Стразбур

07.02.2018 11:15

Мешовитиот парламентарен комитет е форум на меѓу-парламентарна соработка предвиден со Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска Унија, соопшти МНР.

Мешовитиот парламентарен комитет е форум на меѓу-парламентарна соработка предвиден со Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.

Министерот Димитров ќе има излагање во рамките на воведната сесија „Размена на мислења со Владата на Република Македонија, со Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (EEAS) за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.“

Предвидено е министерот Димитров да оствари и средби со пратеници во Европскиот парламент.