Следната недела нова средба на Нимиц со Димитров и Коѕијас

07.02.2018 14:05

Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено, рече Заев...

Нова средба во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц на министерско ниво ќе се одржи следната недела, потврди на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.

Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено,  рече Заев на прес-конференцијата посветена на средбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт со спортски работници.