Спој на музика и вино за 14-ти февруари во Македонска филхармонија

07.02.2018 15:06

На 14-ти февруари, денот кога во светот се слави љубовта, а кај нас традиционално се прославува и како празник на лозарите и винарите, Македонската филхармонија ќе одржи концерт. Под диригентската палка на Џијан Емин ќе бидат изведени теми од култни вокали и групи како Леонард Коен, Ник Кејв, Џони Кеш, Ненси Синатра.

На 14-ти февруари, на Свети Трифун и Свети Валентин, Македонската филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин ќе одржи уникатен, несекојдневен концерт. Ќе бидат изведени теми од култните уметници и групи, како Леонард Коен, Ник Кејв, Џони Кеш, Ненси Синатра.

Со овој настан, правиме нешто поинакво од она што се пласира не само на подиумот на Македонската филхармонија, туку воопшто на музичката сцена кај нас, па и во светот- велат од институцијата.

Голем дел од композициите коишто ќе бидат изведени таа вечер, првпат добиваат оркестарски аранжмани.

 

Александра Спировска