Недостиг од медицински сестри

07.02.2018 16:13

Се затвораат одделенија поради недостиг од кадар. Здруженијата очекуваат проблемот да се надмине со нови вработувања...

Во болниците се затвораат одделенија бидејќи нема кадар. Не постои здравствена установа во државата која нема недостиг од медицински сестри, техничари, акушерки, алармираат од Здружението на медицински сестри. Велат, дел од најавените вработувања на медицински сестри се реализирани, но тоа не е доволно.

Потребна е законска регулатива која ќе ги реши проблемите со кои се соочува медицинскиот пресонал, но и регулатива која ќе ги реши проблемите со кои се соочуваат пациентите, велат од здруженијата на пациенти.

Од Здужението на медицински сестри, техничари и акушерки велат дека со години наназад не можеле да се изборат за своите права и должности, и затоа бараат закон за сестринство. Во Македонија има околу 10 000 медицински сестри, техничари и акушерки.

Наташа Јанчиќ