Права- само на хартија

07.02.2018 15:27

Работничките права не се почитуваат, но младите се плашат да ги пријават неправилностите за да не бидат избркани- спроведено истражување...

Работнички права само на хартија- ова го покажала анкетата на невладината младинска организација „Сега“. Според испитаниците младите се плашат да пријават било какво прекршување на Законот, а 64 проценти се подготвени да потпишат бланко отказно решение. Истражувањето е спроведено во рамки на кампањата „365 работнички права за младите“. Целата е изнаоѓање системско решение за да се заштитат работниците, а работодавачите да ги едуцираат идните вработени.

Состојбата со вработените млади луѓе во Македонија е загрижувачка велат и од Конфедерацијта на слободните синдикати. Според нив тоа е една од причините поради кои младите ја напуштаат државата. 

Од Државниот инспекторат за труд велат дека преставки пристигнуваат, и покрај тоа што годишно се реализираат над 30.000 редовни контроли. Очекуваат во наредниот период зголемување на бројката на трудови инспектори.

 

Дијана Ценевска