Стразбур

Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска унија

07.02.2018 17:03

Министерот за надворешни работи Никола Димитров е во Стразбур. Учествува во работата на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија- Европска унија...

Со воведниот збор на копретседателите во Стразбур започна 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Република Македонија. Состанокот се одржува во многу позитвна клима по вчерашното објавување на Стратегијата за проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан, и посебно во контекстот на напортите што се прават меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името, кој според многумина може да го отвори патот на Република Македонија кон евроатлантските интеграции.

Добредојде на македонската собраниска делегација ѝ посака копретседателот, словенечкиот европратеник Алојз Петрле, кој непосредно пред состанокот за МРТ изјави:

Македонија некогаш беше прва земја на патот кон полнправо членство и ние сакаме по ова долго чекање во чекаланата, сега Македонија да тргне повторно, и јас сум многу задоволен што ќе се состанеме во полн формат и со тоа ќе ја продолжиме соработката“, изјави Петерле.

Во името на македонската делегација воведниот збор го имаше Горан Милевски кој нагласи:

„Денес се состануваме благорадение на стабилизирањето на политичката состојба во Република Македонија. Сега сме подготвени, мотивирани, решителни, да го продолжиме патот на државата кон ЕУ и НАТО“, нагласи пратеникот Милевски.

Министерот Никола Димитров зборувајќи пред мешовитиот комитет ги изложи напорите на македонската Влада во евроатлантските интеграции и пред сѐ во позитивниот тренд на добрососедските односи, нагласувајќи дека вниманието кое ни се посветува, Владата ќе се обиде да го искористи најдобро.


Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ