ВАШИНГТОН ПОСТ

Белата куќа сака да ја приватизира Меѓународната вселенска станица

12.02.2018 10:55

„До 2024 година ќе запре финансирањето и државната поддршка за лабораторијата во земјината орбита, па со преоден план станицата ќе биде префлена на приватниот сектор“, стои во документ на НАСА за внатрешна употреба во кој весникот имал увид.

Според „Вашингтон пост“, Белата куќа планира да ја претвори Меѓународната вселенска станица во некој вид недвижен имот во орбитата, со кој нема да управува државата, туку приватната индустрија.

„До 2024 година ќе запре финансирањето и државната поддршка за лабораторијата во земјината орбита, па со преоден план станицата ќе биде префлена на приватниот сектор“, стои во документ на НАСА за внатрешна употреба во кој весникот имал увид.

Вселенската агенција ќе ги продолжи меѓународните и трговските партнерства во следните седум години за да обезбеди понатамошен пристап и присуство на луѓе во ниска орбита околу Земјата.