Љубљана

Штрајк на полицијците во Словенија

12.02.2018 14:52

Синдикатот на полицијата на Словенија соопшти дека штрајкот ќе трае сѐ додека не се исполнат барањата.

Полицајците и други вработени во Министерството за внатрешни работи на Словенија почнаа штрајк, со барање за зголемување на платите за околу 15 насто, што е прв во бранот штрајкови во јавниот сектор најавени за оваа недела.

Синдикатот на полицијата на Словенија соопшти дека штрајкот ќе трае сѐ додека не се исполнат барањата.

Учество во штрајкот најавија околу 9.000 вработени.