Мицкоски оствари средба со Пленковиќ

13.02.2018 10:40

На средбата станало збор за актуелната политичка состојба, можностите за меѓупартиска соработка, како и за јакнење на регионалната поврзаност и искористување на политичките капацитети што стојат на располагање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Загреб оствари средба со премиерот на Република Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, соопшти опозициската партија.

На средбата станало збор за актуелната политичка состојба, можностите за меѓупартиска соработка, како и за јакнење на регионалната поврзаност и искористување на политичките капацитети што стојат на располагање.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласил дека Република Хрватска е долгогодишен пријател на Република Македонија и тие капацитети на заемно пријателство треба да се искористат дополнително, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.