Одбележани 71 година од основањето на Друштвото на писателите на Македонија

13.02.2018 15:01

Друштвото на писателите на Македонија го одбележа роденденот. Врачени наградите за најдобрите книжевни дела...

Гласот на писателите е во нивните дела, во илјадниците томови создавани и објавувани во изминатите децении кои остануваат да сведочат, преку книжевните вредности, за светогледот на поклониците на пишаниот збор. Ова е пораката од претседателот на Друштвото на писателите на Македонија. Одбележани 71 година од основањето. Смилевски на собирот се осврна и на актуелните предизвици за земјава.

Друштвото на писателите на Македонија ги врачи наградите за најдобри книжевни дела. Признанието „Ацо Шопов“ е за писателката Јагода Михајловска-Георгиева, за книгата „Манастир Фунтерабија“. Наградата „Ацо Шопов“ отиде во рацете на Ристо Василевски за поетската книга „Оди во кругот“.

Друштвото на писателите, наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца му ја додели на поетот Васил Мукаетов за стихозбирката „Скокни прескокни“. Наградата за најдобра книга на еден од јазиците на националностите е за книгата „Невидлива врата“ од поетесата Љерка Тот- Наумова која подеднакво успешно твори и на македонски јазик, со што двојно го зацврстува и книжевниот и мостот меѓу двата јазика, истакнаа од ДПМ.

Наградата „Димитар Митрев“ за книгата „Дискурс и екскурс“ е во рацете на авторката Ангелина Бановиќ- Марковска.

 

Александра Спировска