Средба за името во Виена

13.02.2018 16:32

Нова рунда разговори за прашањето за името, прва на министерско ниво со медијаторот. Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц во Виена. Претходеше министерска тет-а-тет средба...

Повеќечасовна средба на посредникот на Обединтетите нации во разговорите за името, Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Разговорите со Нимиц во во канцеларијата на ОН во Виена за првпат се водат на ниво на шефови на дипломатии, како дел од договореното на средбата во Давос меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас минатиот месец. 

Најновата средба на Нимиц со Димитров и Коѕијас доаѓа по неговата неодамнешна посета на Атина и на Скопје. И претходеше министерски тет-а-тет меѓу Димитров и Коѕијас, за пеглање на разликите во пресрет на денешните разговори.

Средбата под покровителство на Нимиц е дел од разговорите за наоѓање на заемно прифатливо  решение за името. Се очекува Димитров и Коѕијас да имаат почести средби во наредниот период.

Тие најверојатно ќе се сретнат и на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Софија, во чеврток и петок.

 

Ирина Гелевска