Сообраќајот отежнат, прекини и забрани на дел од патиштата

14.02.2018 10:20

На планинскиот превој Ѓавато изутрината е укината забраната за тешки товарни возила, но повторно е во прекин сообраќајот на делницата Маврово- Дебар поради снежната лавина. Забрани има и на потегот Струга- Ќафасан, Стража- Село Колари, и на преминот Буково. Укината е забраната за тешки товарни возила на Пресека.

Западните делови од земјава беа зафатени од снежни врнежи. Најмногу снег падна во Mаврово, се формира снежна покривка од 71 сантиметар, половина метар има во Лазарополе, Крушево и Tетово.

На планинскиот превој Ѓавато изутрината е укината забраната за тешки товарни возила, но повторно е во прекин сообраќајот на делницата Маврово- Дебар поради снежната лавина.

Забрани има и на потегот Струга- Ќафасан, Стража- Село Колари, и на преминот Буково. Укината е забраната за тешки товарни возила на Пресека.

Од УХМР известуваат дека изутрината снег паѓа во Крива Паланка, Попова Шапка, во Свети Николско и во југоисточна Македонија.