ГЕРМАНИЈА

Лидерот на СПД, Мартин Шулц поднесе оставка

14.02.2018 10:39

По долги преговори, Шулц постигна договор со конзервативниот блок на Меркел за нова коалиција...

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц поднесе оставка, а негов наследник ќе се избира во април на вонреден партиски конгрес.

Дотогаш, вршител на должноста ќе биде градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.

По долги преговори, Шулц постигна договор со конзервативниот блок на Меркел за нова коалиција, за кој на внатрепартиски референмдум треба да се изјаснат околу 460.000 членови на СПД.