Владата даде согласност за две нови странски инвестиции

14.02.2018 10:52

Владата донесе одлуки за поддршка на две нови странски инвестиции. Станува збор за компанијата за производство на лекови „Саген“ и за компанијата „Вик“...

Две нови инвестиции најави македонската Влада. Дадена е согласност за долготраен закуп на градежно земјиште за компанија за производство на лекови„Саген“.

Втората одлука на вчерашната седница на Владата се однесува на доделување државна помош за компанијата „Вик“ во Технолошко- индустриската зона Прилеп.