ИЗРАЕЛ

Нетанјаху ги негира обвинувањата од полицијата

14.02.2018 11:54

Ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци од холивудски богаташ во замена за давање услуги. Осомничен е и дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.

Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, препораките на полицијата да биде обвинет за корупција нема да резултираат со ништо. Ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки“ против него и најави дека ќе остане на функцијата.

Ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци од холивудски богаташ во замена за давање услуги. Осомничен е и дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.

Полициските препораки ќе бидат доставени до државниот обвинител, кој ќе одлучи дали ќе бидат подигнати обвиненија.